Индустриската зона „Жабени“ доби уште еден инвеститор. Ќе се гради откупен центар за млеко. Ова е втора дозвола за градба што ја издаде Општина Битола на инвеститор кој планира да вложува во оваа индустриска зона. Мирко Велковски, еден од поранешните менаџери на ИМБ - Битола, планира да гради собирен центар за млеко, а подоцна и центар за преработка на млечната лактоза. На почеток ќе бидат вработи 25 работници и уште толку во втората фаза. Проект предвидува изградба на собирен центар за млеко. Знаеме дека во Пелагонија има сурово млеко и затоа сакаме да направиме еден центар каде што на почеток ќе го собираме млекото за потребите на овдешните млекарници, а потоа и за извоз. Бидејќи во соседна Грција нема доволно млеко, ќе ги имаме сите потребни ХАСАП-стандарди за извоз на суровината, вели инвеститорот Велковски, сопственик на ИМБ „Велковски“.
Индустриската зона „Жабени“ доби уште еден инвеститор. Ќе се гради откупен центар за млеко.
Ова е втора дозвола за градба што ја издаде Општина Битола на инвеститор кој планира да вложува во оваа индустриска зона. Мирко Велковски, еден од поранешните менаџери на ИМБ - Битола, планира да гради собирен центар за млеко, а подоцна и центар за преработка на млечната лактоза. На почеток ќе бидат вработи 25 работници и уште толку во втората фаза.
„Нашиот проект предвидува изградба на собирен центар за млеко. Знаеме дека во Пелагонија има сурово млеко и затоа сакаме да направиме еден центар каде што на почеток ќе го собираме млекото за потребите на овдешните млекарници, а потоа и за извоз. Бидејќи во соседна Грција нема доволно млеко, ќе ги имаме сите потребни ХАСАП-стандарди за извоз на суровината“, вели инвеститорот Велковски, сопственик на ИМБ „Велковски“.
Тој се надева дека локалните, па и другите македонски млекарници ќе ги користат нивните услуги, бидејќи на тој начин би заштедиле во начинот на откуп на млекото кој сега се врши од производител до производител.
Втората фаза од проектот на Велковски е формирање капацитет за преработка на млечната лактоза до олигосахариди.
„Кај нас нема ваков капацитет. Од млекото ќе добиваме олигосахариди, кои се многу корисни за мајките и за децата во мали количини. Во светот само во Холандија има ваква фабрика, ние ќе бидеме втори“, најавува Велковски.
Градоначалникот на Битола, Владимир Талекси, вели дека по „Кромберг и Шуберт“, ова ќе биде втора инвестиција во Жабени, а прва домашна.